Филипче: Пикот на епидемијата го достигнавме минатата недела, бројот на новозаболени стагнира, но во пораст се смртните случаи

Точка

27/11/2020

11:14

1.882

Големина на фонт

а а а

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната пресконференција изјави дека смртноста на пациентите по компликации од Ковид-19 расте во светот и кај нас, но додава дека пикот на епидемијата во земјава бил минатата недела, кога на 17-ти ноември беа регистрирани 1.400 новозаболени и оттогаш постепено и благо опаѓа, бројките се стабилизирани и се на ниво на едно плато.

Филипче вели дека е мобилизиран целокупниот кадар, сите тимови и дека се ангажирани и дел од приватните специјализанти. Според него ситемот „Мој термин“ насекаде работи нормално освен некаде каде е редуциран.

Тој апелираше граѓаните да разберат дека во оваа состојба вирусот сигурно ќе опстане и практично е многу широко распространет.

„За секој еден од нас е ризик, мерките мора да се почитуваат. Очигледно е дека даваат резултати. Го немаме веќе оној нагол пораст на број на пациенти, ниту огромниот притисок кон болниците како што беше пред неколку недели. Тој притисок сè уште постои, но не со таков интензитет“, потенцира Филипче.

Во врска со барањето на градоначалникот на Прилеп за воведување на карантин во градот, министерот Филипче посочи дека утре ќе има средба во Прилеп и ќе се донесе одлука.

„Во однос за барањето во Прилеп, епидемиолозите сметаат дека засега нема потреба од полициски час. Но, утре сепак ќе имаме средба и ќе видиме. За сега е се добро изменаџирано таму, и кревети и кадар. Но, сепак утре ќе се разговара повторно", појасни Филипче.

За случајот со Битола каде починати и живи пациенти беа сместени во иста просторија, Филипче посочи дека ДСЗИ го испитува и се спрема извештајот.

„Се подготвува и дополнителен стручен надзор за уште 9 починати пациенти. Не е точно дека нема слободни кревети и кислород. Секој пациент кој има потреба од кислород, тоа го добива", дополни Филипче.

Филипче: Охрабрува бројот на оздравени

„Во однос на болничките капацитети, во внатрешноста има капацитети близу 1000 болнички легла, во Скопје интензивно работевме во изминатиот период за проширување на капацитетите на интерните клиники и се обезбедени близу 200 легла. Клиниката за оториноларингологија има капацитети кои се уште не почнале да се исполнуваат. Ќе бидат на располагање и 100 кревети некаде на почетокот на следната недела од приватните клиники“, вели Филипче.

Министерот вели дека она што охрабрува е што покрај големиот број на новозаразени, расте и бројот на оздравени.

„Координацијата е секојдневна со директорите на сите болници во државата, се случува да некој пациент дојде ненајавен и да се створи нервоза кај семејството, но тоа се менаџира на дневна основа“, вели Филипче.

Министерот смета дека бројот на смртни случаи расте на глобално ниво, од кои 81 процент во регионите на Европа и Америка.

„Во однос на регионот, забележително е дека бројот на нови случаи останува на високо ниво, многу благо се намалува, а бројот на смртни случаи останува висок на дневно ниво“, вели Филипче.



Спонзорирани линкови

Маркетинг