Мицковски: „Македонија е жива, ги издржала фашистите. Ова е протест на сите против лудоста на еден човек“

Точка

26/11/2020

20:10

4.074

Големина на фонт

а а а

Во тек е протестот пред Влада поради изјавите на премиерот Зоран Заев кои што ги даде во интервјуто на бугарска БГНЕС.

Христијан Мицковски, претседателот на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ посочи повеќе критики кон Заев.

„Доста е! Време е Македонците гордо и со крената глава, да се обединат и да се изборат за своите правдини!“, порача Мицковски.

Мицковски рече дека „тоа што го направи Зоран Заев во интервјуто за БГНЕТ е срамота и понизно за еден премиер на држава“.

„Газеше по коските на Страшо Минџур, Мирче Ацев, Кузман Јосифовски-Питу, Христијан Тодоровски-Карпош, Орце Николов, Раде Јовчевски-Корчагин, а со тоа и на сите Илинденци. Тука нема политика, ова е Македонија. Ова е протест на народот, протест на сите против лудоста на еден човек“, изјави Мицковски.

„И, нема назад. Заедно докрај! Македонија е жива. Ги издржала фашистите. Ќе го победиме и ова зло кое не снајде, сите заедно и старо и младо, браќа и сестри. Сите ние сме Македонија и сите заедно ќе победиме“, рече Мицкоски

Тој побара Заев јавно да им се извини на сите граѓани за вчерашното интервју и веднаш да си поднесе оставка. Најавени се протести и во текот на утрешниот ден, во Куманово, Тетово, Охрид, Кавадарци, Битола, Прилеп...




Спонзорирани линкови

Маркетинг