Сите гледаат во ова "кадифено" Ауди во Скадар: "Кога ќе помислиш дека сè си видел"

Точка

26/11/2020

19:18

7.918

Големина на фонт

а а а

Фотографија од автомобил од Скадар го привлекла вниманието на многу корисници на социјалните мрежи од целиот регион.

Имено, ова Ауди од Албанија е прекриено со кадифе, а тоа е глетка која изненадила многумина.   

"Кога ќе помислиш дека се си видел...кадифено Ауди во Скадар", пишува покрај фотографијата која предизвикала бројни реакции на "Twitter".

Твитерџиите, секако, веднаш почнале да се шегуваат.

"Дали го пере со црна долна облека на 30 степени?", "А кога ќе се олесни птица, го носи ли во сервис за перење на теписи?", "Кога ќе наврне, возиш во круг брзо да се исцеди?", се шегувале луѓето.




Спонзорирани линкови

Маркетинг