Рецепт за совршено домашно топло чоколадо на француски начин – ќе го обожувате!

Точка

26/11/2020

20:21

3.966

Големина на фонт

а а а

Доколку сте љубители на чоколадниот вкус, тогаш овој рецепт е создаден за вас.

Топло чоколадо, онака како што го подготвуваат Французите!

Состојки:

- 500 милилитри млеко;
- 100 грама темно чоколадо; 
- 1 лажица шеќер; 
- 1 цимет; 
- 1 лажица какао; 
- 1 кесичка екстракт од ванила; 
- прстофат сол.

 

Подготовка:

Загрејте го млекото во сад, додадете го циметот и екстрактот од ванила. Кога млекото ќе проврие, оставете го на тивок оган уште неколку минути за да се почувствува мирисот на циметот.

Додадете една лажица какао и добро измешајте. Во смесата додадете шеќер и сол - како тајна состојка. Потоа додадете ја чоколадата и непрекинато мешајте додека таа не се стопи и не се добие потребната густина на смесата.

Французите обожуваат тост лепчиња да ги потопуваат во топлото чоколадо. Пробајте и вие!




Спонзорирани линкови

Маркетинг