„Панда-мија“ – менаџер на необичен начин изразил револт поради новите мерки: „Сакавме да внесеме малку живот во нашиот ресторан“

Точка

26/11/2020

17:16

1.926

Големина на фонт

а а а

Се очекува властите во Германија да ги продолжат мерките до 20-ти декември поради заштита од коронавирусот.

Сопственик на еден ресторан во Франкфурт на необичен начин го изразил својот протест против германските мерки за блокада поради пандемијата коронавирус, така што на местата наменети за седење во неговиот објект поставил плишани играчки во облик на панда, што е асоцијација на зборот „пандемија“.

Се очекува германските власти да ги продолжат мерките за блокада до 20-ти декември што значи баровите, рестораните и местата за забава мора да останат затворени додека пак продавниците и училиштата отворени, наведува „Ројтерс“.


„Сакавме да внесеме малку живот во нашиот ресторан. Ова се „Панда-мија“ панди“, изјавил Џузепе Фишер, менаџер на ресторанот „Пино“.

Пандите седат на столовите, а некои од нив пијат пиво „Корона“.

„Ова е тивок протест. Понуда за нашите гости“, изјавил тој додавајќи дека ќе го остави светлото вклучено и во текот на ноќта за минувачите да можат да уживаат во глетката.


Инаку, германската влада ќе додели помош на фирмите кои што се погодени од пандемијата, а истата вкупно ќе изнесува 20 милијарди евра само во месец декември.




Спонзорирани линкови

Маркетинг