Главниот германски виролог: Нè чека нова пандемија, веќе добро познат вирус може да направи проблеми...

Точка

26/11/2020

20:54

11.695

Големина на фонт

а а а

Германскиот виролог Кристијан Дростен предупреди на опасноста од новиот вирус кој би можел да предизвика пандемија.

Главниот виролог од берлински „Шарите“ изјави дека вирусот Mers-CoV, според него, е „кандидатот“ за нова пандемија која ќе го погоди светот.

Според Дростен, коронавирусот моментално од науката добива доволно внимание и дека научниците веќе даваат се од себе. Поради тоа, има намера во Германија да формира нова работна група која ќе се посвети на новиот вирус.


Инаку, вирусот Мерс (Middle East Respiratory Syndrome) припаѓа на групата на коронавирусот и за прв пат се појави во 2012-та година на арапскиот полуостров.

Како и Ковид-19, и овој вирус предизвикува инфекција кај органите за дишење, а Светската здравствена организација го смести меѓу „приоритетните болести“ на кои им се дава големо внимание.




Спонзорирани линкови

Маркетинг