Пендаровски за Заев: „20-годишното искуство во меѓународната политика ми овозможува прецизно да ги мерам зборовите и ставовите кои ги искажувам“

Точка

26/11/2020

12:36

9.297

Големина на фонт

а а а

Откако во вчерашното интервју на премиерот Зоран Заев за бугарската БГНЕС го оквалификува Стево Пендаровски како „не толку искусен политичар“, се огласи и самиот претседател.

„Моето 20-годишно искуство во меѓународната политика ми овозможува прецизно да ги мерам зборовите и ставовите кои ги искажувам кога разговарам со моите бугарски соговорници и со нашите пријатели од меѓународната заедница“, изјави Пендаровски во интервјуто за Дојче веле кое интегрално ќе биде објавено утре.

Во делот на интервјуто кој овој медиум го објави денеска се дава и негова оценка за ставовите на премиерот Заев изнесени во вчерашното интервју. Врзано за Пендаровски, во еден од одговорите Заев рече дека Пендаровски „не е толку искусен политичар како него“, како и тоа дека е пријател на Бугарија и голем поддржувач на договорот помеѓу Македонија и Бугарија, пренесува „Вечер“.

Пендаровски коментира дека го гледал интервјуто на премиерот, а во дел од коментарите на македонската јавност забележал дека е присутна дилемата дали државниот врв настапува единствено во однос на ова витално национално прашање. Во делот од интервјуто што го објави „Дојче Веле“, Пендаровски изјавува дека со Заев се согласни дека некои личности и настани можат да се слават од обете страни, но дека македонскиот народ има своја посебна историја, исто како што има и бугарскиот народ. 

Заев во интервјуто за БГНЕС вчера рече дека Пендаровски е посветен на договорите со соседите, а изјавата на шефот на дека односот на Софија кон Скопје е наследство од режимот на Тодор Живков, ја препиша на неискуството.



Спонзорирани линкови

Маркетинг