Пристигнува Bayon, нов кросовер на Hyundai

Точка

25/11/2020

17:48

3.249

Големина на фонт

а а а

Корејскиот производител на европскиот пазар ќе го понуди новиот Bayon кој во гамата ќе го заземе местото под моделот Kona.

Веќе неколку години се шпекулира во врска со овој модел, односно за мал кросовер на Hyundai кој ќе биде пласиран на европскиот пазар, а сега од корејската компанија пристигна потврда дека Bayon добил зелено светло за производство.

Освен името, од Hyundai не открија повеќе детали за ова возило, но се претпоставува дека механичката основа е преземена од i20.


Со оглед на тоа што моделот Kona има должина од 4,205 милиметри, Hyundai Bayon ќе биде нешто пократок, односно околу 4 метри. Исто така, се очекува на купувачите да им биде понуден исклучиво со преден погон и без дизел опции во моторизацијата.

Hyundai најави дека моделот Bayon ќе пристигне на европскиот пазар во првата половина од 2021-ва година, а наскоро ќе биде позната и цената.




Спонзорирани линкови

Маркетинг