Заев смета дека Бугарите не биле фашисти, а Југославија нè држела разделени

Точка

25/11/2020

15:34

4.875

Големина на фонт

а а а

Премиерот Зоран Заев, со последното интервју за „БГНЕС“ ја разбрани македонската јавност, посебно со тврдењето дека Бугарите не биле фашисти и газејќи преку историската вистина за бугарските монструозни злосторства како депортацијата на македонските Евреи во концентрациони логори, масакрот кај Ваташа и слично.

„Задолжение за граѓаните и политичарите е да ги зближиме нашите народи, зошто долго време беа разделени еден од друг. Различни власти, посебно во времето на поранешна Југославија. Треба да сме заедно, затоа што сме први соседи. Политичарите од поранешна југославија не држеа разделени“, изјави Зоран Заев, а потоа се осврна и на историјата, нагласувајќи дека ако сме го немале Гоце Делчев ќе требало да го измислиме за да не обединува.

Меѓу другото, Заев истакна дека историските личности од средниот век како што се Цар Самоил, Кирил и Методиј и свети Климент и Наум треба да ги славиме заедно и да ги опишеме во учебниците. Според македонскиот премиер, учебниците се напишани на погрешен начин.

„На околу 20 места беше променето „бугарскиот фашистички окупатор“. Ова не е така, Бугарија не беше фашистичка, Бугарија беше наш пријател“, порача Заев и нагласи дека Бугарија како дел од „антифашистичкиот фронт“ ги ослободила областите Крива Паланка, Куманово – целиот регион, Скопје.




Спонзорирани линкови

Маркетинг