Спасовски: „Дали полицискиот час е опција во наредниот период - да!“

Точка

24/11/2020

20:19

3.069

Големина на фонт

а а а

Министерот за внатрешни работи вечерва беше гостин во дневникот на „Сител“ телевизија, а на новинарските прашања одговараше за моменталната ситуација со коронавирусот во Македонија.

На прашањето „дали ќе се воведува полициски час?“, Спасовски одговори дека „затворањето на државата е опција во наредниот период, доколку има прогрес на пандемијата, зголемено ширење на болеста, секако дека треба да се преземат дополнителни мерки, а една од нив е и воведувањето полициски час“.

Според министерот Спасовски заштитните мерки за коронавирусот треба да се носат постепено за да се види колку истите даваат резултати во намалувањето на заразата.

„Според Комисијата за заразни болести, овие мерки кои што моментално се насила даваат одредени ефекти, веќе се намалува вирулентноста и преносот на вирусот, а очекуваме тоа да се почувствува и во наредниот период. Ние и сега сме подготвени за нови мерки, државата е тука да го заштити животот на нашите граѓани - здравјето и економијата“, изјави Спасовски.




Спонзорирани линкови

Маркетинг