Алигатор зграбил куче, но не го очекувал бесниот сопственик: Со пура во уста човекот го спасил своето мало милениче

Точка

24/11/2020

20:25

4.074

Големина на фонт

а а а

Ричард Вилбенкс од Флорида бил снимен како го спасува својот "шпаниел" од опасниот алигатор.

Вилбенкс и неговиот миленик Ганер биле во прошетка кога од езерото во близина излегол алигатор и со голема брзина го зграбил кучето, па се изгубил назад под водата, каде планирал да го изеде својот плен. 

На Ричард не му паднало на памет да дозволи нешто такво. Тој веднаш скокнал во водата и со голи раце ја отворил устата на рептилот, кој веќе го зграбил неговиот миленик Ганер.

Генер, инаку кавалирски шпаниел, потоа побегнал и изгледало како да не е сериозно повреден.

И покрај борбата, мажот цело време во устата имал пура.

"Се шетавме покрај езерцето кога алигаторот излезе како проектил. Никогаш не ни помислив дека можат да бидат толку брзи. Моите раце се крвави, но Ганер мина добро, со мала рана", рекол Вилбенкс кој додал дека во ниеден момент не размислувал за својата безбедност, бидејќи своите миленици ги гледа како деца.




Спонзорирани линкови

Маркетинг