Се продава Honda S2000 со поминати 50 километри...

Точка

24/11/2020

19:27

2.967

Големина на фонт

а а а

Култниот модел на јапонскиот производител ќе се најде на аукција во јануари идната година, а приказната на овој модел е навистина интересна.

Извесна Хеди Сиринконе го купила автомобилот во Њујорк со само 38 поминати километри, а таа подоцна со него поминала само 16 километри. 20-тина години подоцна решила да го продаде својот автомобил и тој ќе се најде на аукција и ќе биде изложен во периодот од 7-ми до 17-ти јануари 2021-ва година.


Сиринконе истакнала дека очекува да заработи 150 илјади долари, но според некои проценки, најмногу што може да добие за овој „нов“ автомобил е околу 70 илјади долари.





Спонзорирани линкови

Маркетинг