Економиите од кои најмногу се очекувало, лошо одговориле на кризата: Оваа листа ќе ве изненади

Точка

24/11/2020

22:13

3.898

Големина на фонт

а а а

Велика Британија не е ни меѓу првите 20 на листата на "Bloomberg" за најуспешни според критериумот на отпорност на вирусот, додека САД го зазема дури 18-тото место.

Како Ковид-19 се ширел низ светот, така се создавале проценки за тоа кои држави би можеле најдобро односно најлошо да пристапат кон најлошата криза на јавното здравје во помодерно време. 

Било извесно дека меѓу најдобрите ќе се истакнат напредните светски економии како САД и Велика Британија, кои според некои параметри биле најподготвени за пандемија, но тоа не се покажало како точно. Овие земји со месеци наназад се преплавени со нови случаи на зараза и се враќаат на строгите блокади.

Во меѓувреме, другите земји - па дури и земјите во развој - се спротивставиле на очекувањата и успеале на поефикасен начин да го спречат енормното ширење на Ковид-19 внатре во своите граници, и со самото тоа, да ја сочуваат економијата. "Bloomberg" направил листа од земји во кои вирусот најмалку влијаел на општеството и на работењето.

За тоа во предвид се земени следните параметри: колку вирусот се ширел внатре во земјата и колкава е стапката на смртност од него, потоа капацитетите за тестирање за Ковид-19 и договорите кои земјите ги потпишале со компаниите кои прават вакцини.

Анализата вклучила 53 држави, а "Bloomberg" исто така се обидел да предвиди како понатаму ќе се развиваат одредени економии - во однос на тоа кога ќе добијат пристап до вакцина. Во оваа статија ви пренесуваме резултати од 20 светски земји.

На прво место на листата е Нов Зеланд, кој прогласил национален карантин на 26-ти март, пред да не биде забележан ниеден случај на зараза. Исто така, оваа земја подоцна, кога вирусот влегол во земјата, успешно се борела со неговото контролирање.

Премиерката на таа земја, Џасинда Ардерн, веднаш ги алармирала надлежните да следат контакти и да тестираат луѓе, што во добар дел помогнало да се спречи ширењето на короанвирусот.

Иако туризмот многу претрпел поради затворените граници, дошло до раст на домашниот туризам, што ја подобрило економијата. Нов Зеланд има договор со компаниите "Pfiser" и "Biontech", кога станува збор за купувањето на вакцина.

Оваа земја од "Bloomberg" добила 85,4 поени кога станува збор за степенот на отпорност на вирусот.

На второ место е Јапонија, со 85 поени, и со најголеми шанси за брз и ефикасен пристап до вакцината против Ковид-19. Потоа следат Тајван и Јужна Кореја, со 82.9 поени, но Тајван нема големи шанси меѓу првите да добие пристап до вакцина. На петтото место е Финска со 82 поени, и солидни шанси за пристап до вакцина.

Норвешка, Австралија и Кина имаат над 80 поени, а потоа следат Данска, Виетнам и Сингапур. на 12-то место е Хонгконг, на 13-то Канада со одлични шанси за брз пристап до вакцина, а потоа следат Германија, Тајланд, Шведска, ОАЕ, САД, Индонезија и Ирска.

Пред Велика Британија, која е на 28-мо место, и Италија и Шпанија кои ги заземале 40-то и 41-во место, се наоѓаат Израел, Русија, Холандија, Бангладеш , Египет, Швајцарија, Пакистан.




Спонзорирани линкови

Маркетинг