Руни: Имав караница со Ферги, па во 3 часот наутро имаше 30 момци со качулки пред мојот дом!

Дерби

24/11/2020

13:29

3.864

Големина на фонт

а а а

Вејн Руни откри дека пред да го направи првиот голем трансфер во Манчестер Јунајтед, многумина од Евертон го притискале да ја прифати побогата понуда на Челси, но подоцна во неговата кариера, легендарниот напаѓач имал момент кога самостојно сакал да го напушти клубот кој тој првично го избрал.

Во разговорот за подкастот „Јунајтед“, Руни се исповеда и обелодени дека сакал да го напушти „Олд Трафорд“ во 2010-та година, 12 месеци по заминувањата на Кристијано Роналдо и Карлос Тевез.

– Кога ги продадовме Тевез и Кристијано Роналдо во брзо време, ми понудија да го продолжам договорот. Јас не бев премногу сигурен, сакав да видам какви играчи ќе купиме и прашав за тоа. Фергусон не беше многу расположен и ми кажа дека тоа не е моја работа, дека тоа не е моја работна должност. Му одговорив „во ред“, но дека во тој случај ќе биде најдобро да си одам.

– Се сеќавам дека во тие моменти во главата ми се вртеше како играм во Шпанија. Многу сакав да играм за Барселона, но поверојатно беше да завршам во Реал Мадрид. Се сеќавам дека еден ден замислував како играм со Меси, Чави, Иниеста и Бускетс.

– Разговорот со Фергусон беше тензичен, па морав да разговарам со извршниот директор Дејвид Гил. Тој беше многу посмирен од Ферги и на крајот го продолжив договорот. Се заврши многу брзо, но тие случувања не минаа без последици. За време на тензијата, се сеќавам дека имаше едно случување пред мојот дом. Беше три часот наутро, но не сакав да се симнам и да се обидувам да смирам 20 или 30 момци со качулки на главата, – открива Руни кој може да сфати зошто фановите на Јунајтед биле бесни тие денови.

– Некои фанови и ден денеска не го надминаа тоа и не ми простија и јас го сфаќам сето тоа, – завршува актуелниот тренер-играч на Дерби.



Спонзорирани линкови

Маркетинг