Точка ТВ: Храбра жена се јавила во полиција и се преправала дека порачува пица, помошта веднаш пристигнала

Точка

24/11/2020

16:24

16.078

Големина на фонт

а а а

Една досетлива жена од Охајо успеала на неверојатен начин да пријави семејно насилство.

Полициската управа во Орегон ја пофалила луцидноста на жената која ги контактирала - таа се преправала дека нарачува пица за да се извлече од „канџите“ на насилникот. Напаѓачот сè уште бил во домот на нејзината мајка и морала да смисли начин како да не го вознемири, а во истовреме да побара помош. 

Вака се одвивал разговорот помеѓу жената и полицаецот Тим Тенек кој зборувал со неа:

Полиција: Орегон 911.
Жртва: Би сакала да нарачам пица на таа и таа адреса.
Полиција: Се јавивте на 911 за да порачате пица?
Жртва: Да, стан тој и тој број.
Полиција: Ова не е број за нарачување пица...
Жртва: Не не не не не, не разбирате.
Полиција: Сега сфаќам.

Во текот на разговорот, Тенек ѝ поставувал прашања на жената која одговарала само со „да“ и „не“ и со тоа му открила во колкава опасност се таа и нејзината мајка и дали им е потребна медицинска помош.

Полиција: Дали мажот е се уште таму?
Жртва: Да, сакам голема пица.
Полиција: Во ред. Дали ви е потребна медицинска помош?
Жртва: Не, со кулен.

Кога полицаецот испратил полициска патрола на адресата, тој им пренел дека станува збор за наводно семејно насилство и ги предупредил да ги исклучат сирените пред да стигнат до домот. Според полицискиот оддел во Орегон, 38-годишната жена се јавила на 911 кога партнерот на нејзината мајка се вратил дома во пијана состојба. Тој наводно ја удрил мајката и ја влечел низ домот, викајќи дека ќе ја повреди.

За тактиката на суптилното контактирање на полицијата се пишувало во медиумите, а овој пример го потврдил заедничкиот успех на полицискиот диспечер кој ја сослушал жената и нејзината храброст да пријави насилство.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk