Snap го претстави конкурентот на TikTok и најави дневни награди од дури милион долари за најкреативните

Точка

24/11/2020

14:26

1.248

Големина на фонт

а а а

На „заканата“ на TikTok, од Instagram одговорија со претставувањето на Reels, а сега истото го направија и од Snap со новата опција за Snapchat наречена Spotlight.

Со оваа опција, акцентот се става на кратките и забавни видеозаписи, а за да привлечат што е можно поголем број на корисници, од Snap одлучија да ги наградат најкреативните видеозаписи.

Snap секој ден до крајот на годината, а можеби и подолго, на корисниците ќе им дели дури милион долари. Нема еден корисник да го добие целиот милион, туку таа награда ќе биде поделена меѓу корисниците чии видеа се најпопуларни. Засега не е познато колку ќе изнесува најголемата дневна награда, а единствениот услов за освојување е корисниците да се постари од 16 години.

Од американската компанија велат дека инспирацијата за Spotlight ја добиле „од другите сервиси“ затоа што голем број на нивни корисници ги снимаат видеозаписите користејќи ја камерата на Snapchat и опциите за проширена реалност и потоа ги објавуваат на TikTok. Snap сега овозможува истите видеозаписи да бидат објавени на својата платформа, а за тоа корисниците би можеле да бидат богато финансиски наградени ако содржината стане вирална.

Сепак, на почетокот Spotlight нема да биде достапен во сите земји, туку само во некои како САД, Канада, Австралија, Велика Британија, Германија, Шведска, Норвешка и слично.



Спонзорирани линкови

Маркетинг