На 19 април 1951 година во Лондон е одржан првиот избор за Мис на светот, а победата ѝ припаднала на тогашната мис Шведска, 22-годишната убавица Кики Хакансон.
Мис на светот е најстариот меѓународен избор на убавина. Тој е основан од страна на ТВ водителот Ерик Морли во 1951 година во Обединетото Кралство, а од неговата смрт во 2000 година, должноста на копретседател ја врши неговата сопруга Џулија Морли.
Станува збор за најпрестижната титула за убавина за која сонува секоја девојка која се занимава со манекенство. Сепак, во дамнешната 1951 година, натпреварот бил замислен како еднократен настан – Фестивал на бикини, поврзан со Фестивалот Британија кој се одржувал во исто време. Целта на натпреварот била промоција на костими за капење, со што, очекувано, се привлекло вниманието на јавноста.
Kerstin"Kiki" Håkansson (1929-2011)was Swedish model & beauty queen who the winner of the 1st Miss World beauty pageant...#History pic.twitter.com/It5rkMjg9L
— Loudspeaker-وڈاسپیکر (@JawadHSumra) March 3, 2017
Во изборот учествувале 27 девојки. Дури 21 девојка била од Британија (правилото секоја држава да испраќа само една претставничка е подоцна воведена), но на крајот сепак победила Кики Хакансон од Шведска.
Кики, која ја нарекувале „најубавата девојка во Шведска“ имала 22 години. Таа изгледала прекрасно, а освен што станала првата Мис на светот некогаш, била прва и во уште нешто - се до денес таа е единствената мисица која ја примила титулата во бикини.
Поради овој потег (кој од неа го побарале организаторите на изборот), Кики доживеала прилично непријатни искуства - папата фрлил анатема на неа, а некои држави со ригорозни религиски норми ѝ забраниле влез.
Бикините му донеле огромен негативен публицитет на натпреварот со што веќе од следната година биле забранети. Наместо тоа, девојките шетале во поскромни костими за капење, а дури децении подоцна бикинито било повторно дозволено.
#TBT 1951 when Kiki Håkansson was the first (and only) Miss World Pageant winner to be crowned in a bikini. #throwbackthurday #lifesabeach pic.twitter.com/vW13rkgQbq
— Pure Pleasure Spa (@ppstoronto) July 13, 2017