Олеснете ја работата во домот со иновативните апарати на Samsung

Точка

24/11/2020

10:54

1.924

Големина на фонт

а а а

Зарем не би било идеално да имате машина за перење алишта, која сама избира програми за перење, ја одредува количината на вода и детергент според видот на материјалот или фрижидер што автоматски ги прилагодува перформансите на ладење на сите полици, кој е бесшумен и има голем простор за складирање?

Овие функционалности се оние кои ќе ви ја олеснат секојдневната домашна работа, а нив ги поседуваат најновите апарати за домаќинство Samsung, кои ќе бидат достапни на продажба на домашниот пазар од ноември.

Новиот модел на машина за перење алишта WW9800T од Samsung автоматски избира и прилагодува програми за перење. Перењето облека со револуционерната QuickDrive™ технологија го намалува времето на перење до 50 проценти и ја намалува потрошувачката на енергија до 20 проценти. Големата предност на оваа машина за перење алишта е нејзината енергетска ефикасност, која се зголемува со посебен Samsung Digital Inverter компресор, со употреба на силни магнети за подобри перформанси и потивок циклус на перење. За дополнителна заштеда на енергија, во оваа машина можете да ги исперете алиштата подеднакво темелно со ладна вода. Ова е обезбедено од Samsung EcoBubble™ технологијата, претворајќи го детергентот во меурчиња што побрзо продираат во ткаенината, дури и во ладна вода. Барабанот на овој модел прави исклучително динамични движења, поради што алиштата се мијат потемелно.


Покрај тоа, тука е и вештачката интелигенција која ги памти навиките и однесувањето, така што на екранот на машината за перење ќе добиете предлози за најадекватните програми за перење. Тоа значи дека повеќе нема да треба да ги листате сите достапни програми за да ја најдете онаа која ви е потребна. AI Wash опцијата користи сензори за детектирање на тежината и видот на материјалот на алиштата за перење кои се во барабанот, за да ја проценат потребната количина на вода и детергент. Понатаму, Auto Cycle Link процесот на сушење ги активира најадекватните сензори за перење и сушење за секој поединечен циклус на перење.

Ако сте заборавиле облека што треба да се испере, вратата Add Wash™ ви овозможува лесно и брзо додавање на работи или детергент откако ќе започне циклусот на перење. Покрај тоа, можете лесно да ја додадете и облеката која е рачно исперена, а сакате да ја исперете или иссушите.


За дополнително прилагодување на вашиот дом кон вашите активности, потреби и начин на живот, тука е и новиот фрижидер Samsung RB7300, со волумен од повеќе од 385 литри и подобрени перформанси за ладење со иновативни опции за сладирање и чување храна. Исклучителната ефикасност за изолација со SpaceMax™ технологијата ги прави sидовите многу потенки, така што има повеќе простор за складирање храна.

Овој фрижидер е дизајниран да ја одржува храната свежа двојно подолго. Доаѓа со Optimal Fresh+ преграда, која може да се користи како една фиока или да се подели на два одделни оддели. Левата, поладната страна во овој случај е оптимизирана за складирање месо и риба, додека десната е идеална за овошје и зеленчук. Храната ќе биде соодветно ладена, без оглед на кој дел од фрижидерот се наоѓа, благодарение на технологиите Samsung All Around Cooling и Metal Cooling.


Со овој вид фрижидер во вашиот дом, ќе добиете поголема енергетска ефикасност и речиси бесшумно работење. Компресорот од најновиот фрижидер автоматски ги прилагодува перформансите на ладењето на сите седум нивоа на полици, трошејќи помалку енергија, додека All Around Cooling системот го лади секој оддел рамномерно. Континуирано ја проверува температурата и го насочува ладниот воздух преку стратешки поставени отвори за проветрување, така што секој предмет ефикасно се лади и останува посвежа. Покрај тоа, нема да ве иритира звукот на ладилникот, бидејќи е минимизиран, додека трајноста на уредот е дополнително подобрена.

Уште еден важен критериум при избор на домашни апарати е дали тие естетски ќе се вклопат во вашиот ентериер. Со овој модел на фрижидер, можете да му дадете на вашиот дом беспрекорно модерен изглед. Неговата стандардна длабочина од 600 mm целосно ќе се усогласи со вашите кујнски елементи. Минималистичкиот ентериер има скриен дисплеј, рамна полица за вино и прегради и кутии со храна во сива боја.


Овие функционалности и иновации ќе ги направат работите во домаќинството, како што се перењето облека и чувањето намирници, многу полесни и поедноставни.

Комерцијален текст



Спонзорирани линкови

Маркетинг