Убава вест: Собрани средствата за 9-месечната Илина која оди на лекување во Турција

Точка

24/11/2020

10:35

4.497

Големина на фонт

а а а

Симона Пармачка Блажевска, мајката на Илина, на својот Фејсбук профил вчера објави дека се собрани потребните средства за лекување на 9-месечното дете.

„Со секое ваше споделување, донирање и искрена поддршка допринесовте средствата за лекувањето на нашата Илина да бидат собрани! Нашата Илина добива можност да се избори со болеста на најдобар можен начин, да биде нашиот херој, да биде здраво и безгрижно дете благодарение на вас“, стои во објавата. 

?СРЕДСТВАТА СЕ СОБРАНИ ДОБРИ ЛУЃЕ? Ви благодариме од срце

?За нашата ИЛИНА?

Posted by Simona Parmacka Blazevska on Monday, November 23, 2020

На малечката Илина ѝ беше дијагностициран неуробластом (тумор на надбубрежната жлезда), а поради неговата големина, таа беше итно оперирана.

За среќа, операцијата помина успешно, но следува период на долго закрепнување и терапии во Турција.




Спонзорирани линкови

Маркетинг