Жешките сцени на двете популарни пејачки добија 15 милиони прегледи за неколку дена

Точка

24/11/2020

08:55

4.994

Големина на фонт

а а а

Излезе видео спотот за новата песна „Prisoner“ на пејачката Мајли Сајрус на Јутјуб.

„Prisoner“ претставува колаборација на контроверзната Мајли со британската пејачка Дуа Липа. Видеото веќе собра над 15 милиони прегледи за само 5 дена. 


Поп песната е под влијание на музиката од 80-те години на минатиот век, а спотот исто така го презема визуелниот идентитет од тој период и наликува на слешер хорор филм. Двете пејачки во спотот прават „дива“ забава, пушат, пијат и имаат жешки љубовни сцени. 

На крајот од спотот, Дуа и Мајли испраќаат порака: „Во сеќавање на нашите поранешни: Јадете г*мна“.

Режијата на спотот ја потпишуваат Алана Охерли и Мајли. Ова е втор сингл од албумот на Сајрус, „Plastic Hearts“, кој треба да излезе за една недела.



Спонзорирани линкови

Маркетинг