Една од улогите со која што покојниот Мустафа Надаревиќ стекна голем број фанови беше таа на Изет Фазлиновиќ во серијата „Луд, збунет, нормален“.
Изет освен по своите потфати, беше познат и по своите претприемачки идеи, а во првата сезона од серијата се досетил и дека би можел да продава заштитни маски за лице затоа што „епидемијата е неизбежна“.
Тоа што тогаш нас ни беше смешно во серијата, десет години подоцна стана наша реалност, па не е ни чудно што токму оваа сцена се споделува по социјалните мрежи.
„Пандемијата е неизбежна. Денови се во прашање кога ќе се случи. Е кога ќе удри, ние мора да бидеме подготвени“, ѝ вели Изет на својата куќна помошничка Шефика.
„Па, тие маски ќе те спасат?“, му вели Шефика.
„Па, да. Колку си глупава, ништо не знаеш. Погледни ги овие слики. Сите Јапонци носат маски, и на работа одат со маски, по улиците, веројатно и дома водат љубов со маски“, ѝ одговара Изет во свој стил, а потоа му доаѓа идејата:
„Шефика моја. Па, браво, браво. Луѓето тогаш ќе купуваат маски. Ма нема врска, ова е само прототип. Прототип, моја Шефика“.