30-годишниот популарен американски рнб музичар The Weeknd вчеравечер се појавил на доделувањето на музичките награди „American Music Awards“ со завои на лицето и со ваквиот изглед ја загрижил публиката.
Пејачот за првпат се појавил со завои на лицето во август 2020 година на доделувањето на „VMA Awards“, а сега повторно се качил на сцена во загрижувачко издание.
The Weeknd излегол на сцена за да прими награда за омилен соул-рнб албум на годината, а во таа прилика цело лице му било во завои и со модринки.
Омилениот пејач не бил навистина повреден - тој се обидел да испрати многу важна порака, а тоа почна да го прави уште за време на промоцијата на албумот „After Hours“. Музичарот ги предупредува луѓето да не возат во пијана состојба и преку ваквиот морничав изглед покажува со какви сè повреди можат да се здобијат кога пијаното возење ќе доведе до сообраќајна несреќа.
Во својот говор, The Weeknd ја посветил својата победа на легендарниот музичар Принц, кој почина во 2016 година.
„Последен пат кога ја добив оваа награда, таа ми беше доделена од големиот покоен Принц. Тој е причината поради којa постојано го предизвикувам рнб жанрот и би сакал да му ја посветам наградата. Ви благодарам“, рекол The Weeknd.