По долгата битка со сериозната болест, 77-годишниот актер Мустафа Надаревиќ почина, пренесува „Радио Сараево“.
Инаку, веста за неговата смрт ја потврди актерот Моамер Касумовиќ за истоимениот портал.
Мустафа долги години се бореше со опасната болест - рак на белите дробови и на крајот не успеа да се избори со истата.
Инаку, тој на македонската јавност ѝ беше најпознат по улогата на Изет Фазлиновиќ во серијата „Луд, збунет, нормален“.
Мусфата Надаревиќ беше театарски и филмски актер, но исто така и режисер. Тој дипломирал актерска игра на загрепската Академија за класична уметност, а театарската кариера ја започнал како член на Загрепското театарско друштво за млади.
Станал и член на Хрватскиот народен театар во Загреб во 1969-та година.
Филмската кариера ја започнал со споредна улога на почетокот на 80-те години на 20-от век за потоа да толкува многубројни главни улоги.
Zbogom dragi moj Muice. ?
— Moamer Kasumović (@moamerkasumovic) November 22, 2020