„Зрак по мракот“, краток документарен филм за храброста да се затвори кругот на насилството

Точка

21/11/2020

20:23

1.854

Големина на фонт

а а а

Краткиот документарен филм „Зрак по мракот“ во продукција на Види Вака е третиот од серијата од шест мултимедијални приказни за граѓани кои се соочуваат со некакви предизвици во време на пандемијата предизвикана од Ковид-19.

Главните протагонисти во филмот се две жени жртви на семејно насилство, кои зборуваат за претрпеното физичко и психичко насилство, но и за храброста да го затворат кругот на насилството.  

„Детето највеќе ме охрабри со тоа што и она изреагира: „Aјде мамо да си заминеме, додека татко ми не нè утепа“, вака започнува документарниот филм со сведоштвото на една од жртвите на семејно насилство. 


Страв за сопствениот живот и животот на децата, немање поддршка од околината, отсуство на доверба од институциите е само мал дел од листата на проблеми со кои се соочуваат жртвите на семејно насилство. Пандемијата предизвикана од Ковид-19, дополнително им го отежна животот. На почетокот, во нашата држава карантинот ги затвори жртвите на семејно насилство во своите домови заедно со насилникот. Токму во тој период, двете протагонистки од филмот се охрабруваат да побараат помош и да се тргнат од насилната средина.  

Елена Димушевска, извршната директорка во „Глас против насилство“, во документарниот филм зборува за Куќата за отворено домување за жените жртви на семејно насилство, која им овозможува на жртвите откако ќе го напуштат Шелтерот, да бидат сместени таму.


Додека, социјалната работничка во Прв семеен центар, Ивана Костовска, ја истакнува важноста на психо-социјална поддршка која ја дава центарот на жртвите на семејно насилство.


Автор на краткиот документарен филм „Зрак по мракот“ е новинарката Христина Ѓорѓиевска, а директор на фотографијата е Крсте Шупев. Продуценти на документарниот филм се Мите Кузевски и Горан Игиќ.

Тимот на Види Вака ќе продолжи и во иднина да ги покрива темите кои ги засегаат ранливите и маргинализираните групи и да поттикнува унапредување на човековите права преку медиумски содржини.

  



Спонзорирани линкови

Маркетинг