Лејди Гага повторно на филмското платно заедно со холивудскиот убавец Бред Пит

Точка

21/11/2020

19:37

3.984

Големина на фонт

а а а

Американската пејачка Лејди Гага снима филм со холивудскиот миленик на жените, Бред Пит. Филмот го носи насловот „Bullet Train“ и се заснова на јапонска мистериозна приказна.

Пејачката се враќа на големото платно со филмот кој е во режија на Дејвид Лич, познат по „Deadpool 2“, „John Wick“ и други. 

Приказната на „Bullet Train“ следи група атентатори со спротивни мотиви во возот за Токио. Сè уште не е познато дали Гага ќе игра еден од убијците, но медиумите пренесуваат дека нејзината улога нема да биде главна.


Покрај Лејди Гага и Бред Пит, во филмот ќе се појават и Џои Кинг, Арон Тејлор Џонсон, Зази Битс, Брајан Тајри Хенри, Ендру Коџи, Маси Ока и Мајкл Шенон.

За потсетување, Лејди Гага во 2018 година беше номинирана за Оскар за најдобра актерка во филмот „A Star Is Born“ во кој глумеше со Бредли Купер. По премиерата на филмот започнаа да се шират гласини дека Бредли и Гага се во романтична врска иако и двајцата беа зафатени во тој момент.



Спонзорирани линкови

Маркетинг