Руски специјалци упаднаа во бункер и спасија дете од педофил: Го киднапирал пред 52 дена...

Точка

21/11/2020

15:06

12.458

Големина на фонт

а а а

7-годишно дете во Русија е спасено после 52 дена поминати во заробеништво, откако американски разузнавачи дошле до информации на дарк-веб, кои потоа ги проследиле до Интерпол, за на крај да бидат информирани руските служби.

Специјалци во текот на ноќта упаднаа во бункерот каде што било заробено детето, а на видео снимките кои ги објавија руските медиуми може да се види како специјалците го држат мажот срушен на земја, а потоа влегуваат во просторија каде се наоѓа детето.

Како што пренесуваат руските медиуми, детето било киднапирано од 26-годишниот педофил Димитриј Копилов. Неговата куќа е оддалечена на околу 14 километри од местото каде што исчезнало детето на 28-ми септември. Детето било киднапирано додека се враќало од училиште во селото Горки.

„Ова е чудо и приказна со среќен крај. На момчето сега му треба силна психолошка помош. Мораме да работиме со детето и потребна му е семејна љубов.“, изјави регионалниот правобранител Генадиј Прокоричев.

Од руското министерство за внатрешни работи соопштија дека дојавата за детето ја добиле од странски колеги преку каналите на Интерпол.




Спонзорирани линкови

Маркетинг