Успешниот македонски пејач, Никола Перевски - Пере од групата Нокаут, по трет пат стана татко.
Оваа прекрасна вест беше споделена на социјалните мрежи, со поставена фотографија од мекици со порака дека Пере добил ќерка, а неговиот брат по трет пат станал чичко, а името кое што ѝ го дадоа на ќеркичката е Софиа.
Ова е објавата:
„Мекицииииии!!! Моите татко и мајка добија повторно внука! Мојот брат ја доби својата 3та ќерка со својата љубов Јована! Моите внуки Михаела и Каја добија сестра! Моите деца добија братучетка!
Јас пак по трет пат сум горд чичко!
А светот? Светот ја доби Софиа Перевска!
Со љубов против сите зла“.
Инаку, Пере со својата сопруга Јована веќе ги имаат ќерките Михаела (21) и Каја (13).
Честитки до Пере и неговото семејство за нивната ќерка Софиа.