Електричниот Audi Q5 пристигнува наскоро...

Точка

20/11/2020

21:03

1.794

Големина на фонт

а а а

Германскиот производител ќе понуди и електрично издание на својот популарен модел, а „електрифицираната“ верзија ќе пристигне во 2022-ра година.

Volkswagen групацијата на големо се посвети на електрификацијата, за што сведочат и последните најави дека во развојот на нови технологии во следните пет години ќе бидат потрошени дури 73 милијарди евра, од кои најголем дел од парите ќе завршат во развојот на идните електрични автомобили.

Врз основа на „протечените“ информации, Audi во 2022-ра година планира на пазарот да пласира електрична верзија на моделот Q5, а истата година ќе пристигне и новата генерација на Porsche Macan.

Останува отворено прашањето дали Audi планира од 2022-ра година моделот Q5 да биде достапен исклучиво во електрична верзија, или пак ќе има и хибрид. Сепак, се чини малку нереално германската компанија да ги напушти моторите со внатрешно согорување, со оглед на тоа што станува збор за прилично популарен модел.


Електричниот Q5 би требало да биде „изграден“ на PPE платформата која ќе биде основа на многу модели на Audi и Porsche. Токму електричниот Macan би требало да ја користи оваа архитектура.

Очекуваме повеќе информации за електричниот Q5 во следните месеци, односно дали Audi ќе пласира само електрична верзија, или пак ќе ги задржи и традиционалните агрегати.




Спонзорирани линкови

Маркетинг