Volkswagen Tayron пристигнува во Европа

Точка

19/11/2020

20:15

3.259

Големина на фонт

а а а

Понудата на Volkswagen на кинескиот пазар е прилично богата и во некои случаеви ексклузивна, затоа што многу модели на германската компанија не се достапни надвор од оваа земја.

Меѓутоа, еден модел наскоро ќе пристигне и на Стариот континент. Станува збор за џип со називот Tayron кој е базиран на MQB платформата. Најавен е во март 2018-та со концептот Advance Mid-Size SUV и беше ексклузивен за кинескиот пазар.

Производството ќе започне во 2024-та година и тоа ќе биде најверојатно нова генерација на актуелниот Tayron.


Кога станува збор за димензиите, Tayron е малку поголем од Tiguan, но малку помал од неговата продолжена верзија Tiguan Allspace.

Автомобилот е „изграден“ на модуларната платформа MQB и се очекува под хаубата да го има 2.0 TSI турбо бензинскиот мотор во верзии од 180 и 220 коњски сили. Предниот погон ќе биде стандард, а во понудата ќе има и 4Х4 и опционален автоматски 7-степенски менувач со двојно квалило.




Спонзорирани линкови

Маркетинг