Рики Мартин откри што им одговорил на децата кога го прашале: „Tато, зошто имаме двајца татковци?“

Точка

18/11/2020

16:19

18.732

Големина на фонт

а а а

Рики Мартин и неговиот сопруг одгледуваат четири деца, 12-годишни близнаци, двегодишна ќерка и синче, чие што доаѓање го објавија и на социјалната мрежа Инстаграм.

Пејачот отсекогаш бил отворен кога станува збор за љубовта кон неговите деца. Така и лани на една хуманитарна вечер изјавил: „Меѓу другото, сакам да објавам дека сме бремени. Очекуваме“.

По ракоплескањето додал дека отсекогаш сакал да има големо семејство.


Метју и Валентин ги родила сурогат мајка во 2008-та година, а Мартин направил пауза во кариерата за да им се посвети токму нив.

Во едно радиско интервју тој признал дека синовите го прашале дали биле во неговата утроба.

„Беше во моето срце и сè уште си таму“, го прераскажал одговорот Рики Мартин.

„Му објаснив, затоа што не можеше одговорот да остане само на тоа. Му кажав дека постои жена која што ја обожувам и која што ми помогна да ги донесам на овој свет. Жена која „ми го позајми својот стомак“ за да се родат тие, а кога се родија ги зедов во моја прегратка. Тој одговори: „Во ред“ и продолжи да игра“, раскажал Мартин.


Во интервју за магазинот „Out“ тој открил што им рекол на синовите кога го прашале „зошто имаат двајца татковци“:

„Многу луѓе ми зборуваат дека моите деца се на насловни страници, а јас им одговарам дека тоа е така затоа што сакам да ја нормализирам нашата ситуација. Сакам луѓето да го гледаат моето семејство и да мислат дека во него нема ништо погрешно. Децата ме прашуваат зошто имаат двајца татковци, а јас им велам дека ние сме модерно семејство. Тоа е прекрасно чувство - чувство на слобода“, изјавил тој.




Спонзорирани линкови

Маркетинг