Со лажни документи ја натерале да зборува: Отпочната истрага поради интервјуто на Дајана од пред 25 години

Точка

18/11/2020

13:12

5.066

Големина на фонт

а а а

Во „BBC“ моментално се спроведува голема истрага поради интервјуто која покојната Дајана пред 25 години му го дала на Мартин Башир.

Тој успеал да ја наговори принцезата да зборува за својот брак со принцот Чарлс и таа тогаш за првпат ја раскажала својата страна од приказната за нивниот однос.  

Сега се дознава дека 57-годишниот Башир наводно лажел и се послужил со некои измами за да ја наговори Дајана на интервју. Имено, новинарот ѝ покажал документи на принцезата кои потврдиле дека некои членови на кралското семејство им продавале информации на медиумите и имал докази како банкарски сметки од тие лица кои докажувале дека добиле прилично голема сума на пари за продажба на информации.


Принцезата се согласила да даде интервју и со тоа го потресла кралското семејство, особено кралицата Елизабета Прва која по нејзините изјави за односот на принцот Чарлс и Камила Паркер, барала од Дајана и Чарлс официјално да предадат документи за развод.

„BBC“ отпочна истрага против Башир и графичкиот дизајнер Мет Вислер кој наводно по барање на новинарот направил лажни банкарски изводи кои ѝ биле покажани на принцезата во текот на интервјуто.


Првата истрага била отпочната набрзо по објавата на интервјуто и тогаш целата вина му била препишана на Вислер, но тој изјавил дека немал поим дека тие документи водителот ќе ги користи во интервјуто.

Сега повторно е отпочната истрага која се обидува да утврди што точно се случило, но резултатот од истрагата нема да биде скоро готов бидејќи Башир се наоѓа во болница поради проблеми со срцето. Неговото закрепнување е отежнато бидејќи бил заразен со коронавирус.


Принцезата Дајана подоцна се покајала за даденото интервју бидејќи принцот Вилијам имал проблеми на училиште. Неговите соученици му се потсмевале и тој ѝ бил многу лут на својата мајка.



Спонзорирани линкови

Маркетинг