Точка ТВ: 7 интересни факти за прекрасната европска земја која до пред 30 години во четврток не емитувала програма на ТВ

Точка

13/11/2020

21:00

5.608

Големина на фонт

а а а

Сè до 1987-та година телевизиските куќи во четврток не емитувале програма, па Исланѓаните понекогаш знаат да се пошегуваат на своја сметка и велат дека можеби биле зачнати во четврток.

Дека ја нарекуваат земја на огнот и мразот, дека има многу гејзери, дека главен град е Рејкјавик, сите добро знаеме.

Но, овие седум работи сепак се помалку познати, а поради тоа што Исланд е доста посетувана земја не е лошо да ги научиме.

Без телевизија во четврток

Сè до 1987-та година телевизиските куќи не емитувале програма во четврток. Имено, четвртокот се сметал за ден за дружење и поминување време со пријателите.

„Kattarshians“

Исланѓаните направиле малку поразлично реално шоу од оние кои што се прикажуваат во останатиот дел од светот. Имено, кај нив се емитувало „Keeping up with the Kattarshians“, а во него се прикажувал животот и однесувањето на мачките во домот.

Поларна светлина

Верувале или не, жителите на Исланд во поларната светлина можат да уживаат речиси осум месеци од годината. Нам сето тоа ни изгледа фасцинантно, но веројатно по неколку дена поминату таму ќе се запрашаме: „Дали ова ќе престане?“.

Последниот чизбургер

Верувале или не McDonald's во земјата не постои уште од 2009-та година. Но, последниот чизбургер со помфрит може да го видите во живо.


Домашна адреса

Не знаете нечија адреса? Не грижете се, писмото веројатно ќе пристигне на одредиштето. Тоа се однесува на приградските делови од земјата затоа што таму куќите често се оддалечени едни од други.

Бебе на свеж воздух

Баш како Данците и Исланѓаните бебињата ги оставаат пред кафулињата или рестораните на свеж воздух. Имено, таму е нормално родителите да влезат во објектот со своите пријатели, а за тоа време децата да ги остават надвор.


Најсеверниот главен град на светот

Главниот град Рејкјавик е најсеверниот главен град во целиот свет. И покрај тоа, таму нема сибирски температури туку просечни температури кои што се споредуваат со њујоршките.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk