Малку познати факти за Тијана Дапчевиќ: Пред да стапи во брак се сретнала со гатачка, сака да има уште едно дете, а еве дали ќе ја гледаме во некое реално шоу

Точка

13/11/2020

15:50

7.436

Големина на фонт

а а а

Пејачката Тијана Дапчевиќ во интервју за „Бекстејџ“ откри дали некогаш би влегла во нокое реално шоу, со оглед дека ги има во изобилие во соседните земји, а рушат и гледаност.

„Тој филм нема да го гледате ни за милион години. Знаеш ли јас како ги доживувам тие реални шоуа кои моментално се емитуваат во Србија и кои се најгледаниот формат? Јас тоа го гледам како да си ставил три камери на Одделение Ц во Бардовци. Имам психолози кои го гледаат тоа и ги прашувам зошто, ми викаат како социолошки феномен. А, луѓето кои ги гледаат, широките народни маси, си викаат: Види што има, јас сум супер“, вели Тијана.

На прашањето кога ќе има второ дете, пејачката одговори:

„Тоа е премногу интимен момент. Јас и понатаму сум млада. Би сакала да имам уште едно дете. Јас ја имам таа среќа да имам прекрасен маж со кој сум 18 години во брак. Имаме прекрасен син кој ќе наполни 10 години, а вреди како за 15“, вели Дапчевиќ.

Пејачката исто така гостувала и во емисијата „Гранд магазин“, каде открила малку познати детали од својот живот.

Имено, Дапчевиќ открила дека една година пред да го запознае својот сопруг Милан, се сретнала со гатачка која ѝ гледала на кафе и ѝ 'предвидела' што ќе ѝ се случи во иднината.

„Г-ѓа Ружа погледна во мојата шолја и рече дека за една година ќе сретнам човек од странство и дека ќе се преселам. Таа исто така ми рече дека ќе се омажам, ќе имам едно дете и дека ќе бидам многу популарна во таа земја“, открила Тијана.




Спонзорирани линкови

Маркетинг