Toчка ТВ: 10 практични совети како да ја победите анксиозноста

Точка

13/11/2020

15:17

2.620

Големина на фонт

а а а

Според СЗО, од депресија патат околу 300 милиони луѓе во светот, додека повеќе од 250 милиони луѓе живеат со различни облици на анксиозни нарушувања.

Физичките манифестации на анксиозноста, меѓу кои се главоболка, краток здив, постојана вознемиреност, можат и наједноставните, секојдневните активности да ги направат 'невозможна мисија'.

Дури и кај луѓето што го немаат ова нарушување акутните напади на анксиозност, стрес поради работата или финансиски проблеми можат да доведат до слични симптоми.

Ви носиме неколку совети од светски експерти што можат да ви помогнат во таквите ситуации.

Миењето со ладна вода, повторување на некоја смирувачка фраза, плачење, гасење на социјалните мрежи и соочувањето се само дел од нештата кои може да ги примените при висок напад на анксиозност.



Спонзорирани линкови

Маркетинг