Истражување: Каде постои најголем ризик да се заразите со Ковид-19? Научниците преку анализа дошле до „одговорните“ места за инфекцијата

Точка

12/11/2020

15:10

7.394

Големина на фонт

а а а

Научниците, користејќи ги податоците од луѓето кои што веќе биле заразени со коронавирусот, дошле до информација кои места се најризични кога станува збор за инфекцијата.

Каде е најголемиот ризик да се заразните со коронавирус?

Користејќи ги податоците од мобилните телефони, на еден од тројца Американци, научниците следејќи го нивното движење во текот на пролетта заклучиле кои места се најопасни за да се заразите од вирусот.

Медицинскиот портал „Statenews“ ги пренел податоците од тоа истражување во кое што со дозвола на граѓаните на Америка научниците го прегледале нивното движење во текот на пролетта уште во првиот бран на вирусот. Според нивните заклучоци, најголем извор на заразата биле: рестораните, теретаните, кафулињата, хотелите.


Заклучокот на научниците е дека доколку во тие објекти местото на број на луѓе бил ограничен, не би се ширела толку брзо заразата.

„Всушност, не дознавме ништо ново, во тоа се сомневавме уште на почетокот. Некои активности се поризични од останатите“, коментирал Амеш Адали од Центарот за здравствена безбедност кој што инаку учествувал во истражувањето.

Во истражувањето научниците го следеле движењето на 98 милиони луѓе во месец мај. Ги мапирале најчестите локации и оттаму според податоците следеле како инфекцијата се шири. Така го сумирале ширењето на коронавирусот во Чикаго, Њујорк и Сан Франциско.


„Резултатите од нашето истражување покажаа дека е можно да се избегнат разорни случаи на инфекцијата. Краткорочното затворање на најопасните места во поглед на инфекцијата може да донесе многу подобри резултати, а притоа економијата да не трпи премногу“, вели еден од авторите на студијата.

Само во Чикаго 10 места биле одговорни за 85 отсто од инфекцијата, воглавно рестораните, фитнес центрите и кафулињата.




Спонзорирани линкови

Маркетинг