Тамара Тодевска за земјотресот кој нè вознемири утринава: „Син ми ме разбуди плачејќи. Викаше: Мамо, мамо...“

Точка

11/11/2020

20:18

19.914

Големина на фонт

а а а

„Син ми ме разбуди 20-на секунди пред земјотресот. Не знаев што му е, само викаше: „Мамо, мамо“. Го зедов кај мене, за потоа да се случи тоа што се случи“, изјавила Тамара Тодевска по повод земјотресот кој утрово се случи во Македонија.

Земјотресот со јачина од пет степени по Рихтерова скала беше регистриран утрово во околу 4 часот и 54 минути со епицентар во близина на Маврово.

По тој повод Тамара Тодевска зборувала за српскиот портал „Nova.rs“ и искуството го споделила со нив.

„Епицентарот беше баш силен, се почувствува дури до Скопје. Планината се наоѓа на еден час возење од нас. Баш се слушнав со пријателите кои што имаа чувство дека ќе им се срушат куќите“, изјавила таа.

Тамара истакнала дека во моментот на земјотресот таа се наоѓала во својот дом, со синот кој што како да го претчувствувал сето тоа.


„Се почувствува мрдање и поместување, но не многу. Јас инаку имам трауми од претходни такви настани, па поради тоа не ми беше сеедно“, изјавила Тодевска.

Таа исто така додала дека поради ситуацијата со коронавирусот веќе подолго време не работи и слободното време го поминува со своето семејство дома.

„Добри сме. Не излегуваме многу од дома. Хана оди во градинка, Дарен не оди. Искрено, јас не работам. На нас пејачите заборавија дека постоиме. Ги почитуваме мерките, носиме маски, па дури и во автомобил. Држиме дистанца, се бориме да помине што побрзо сето ова. Мислам дека луѓето не ја сфаќаат сериозноста на ситуацијата“, заклучила Тамара.




Спонзорирани линкови

Маркетинг