Актерката Весна Петрушевска Бејби, на социјалните мрежи сподели фотографија со емотивна порака.
Имено, денеска (11.11) нејзината ќерка Мина полни 16 години, а Бејби максимално ја користи секоја прилика за да ја искаже љубовта која ја чувствува кон своето дете.
Мина денес полни 16 години❤️таа е најубавото нешто што ми се случило во животот,мојот најголем херој, борец и бескрајно...
Posted by Vesn Bejbimama Petrusevska on Среда, 11 ноември 2020
„Мина денеска полни 16 години. Таа е најубавото нешто што ми се случило во животот, мојот најголем херој, борец и бескрајно топол човек. Неверојатно колку има насмевка на сите премрежја што ги минува. Таа е љубов и суштина. Таа е копнеж и светлина. Таа е небото по кое јас стапнувам. Таа е живот во животот. Мина среќен маме. Ти си ангел“, напиша Петрушевска покрај фотографијата од Мина.
Гордата мајка има две деца, покрај Мина, тука е и Кирил, кој пред неколку месеци се пресели во САД кај својот татко за да студира.
Не пропуштајте: „Некој брои гласови, некој денови“: Весна Бејби ја расплака јавноста со емотивна порака, ситно брои пред заминувањето на синот Кирил“
Бејби и тогаш имаше емотивна објава по повод испраќањето на својот син во странство, која предизвика големо внимание кај јавноста.