Амишите се припадници на конзервативна христијанска група во Северна Америка, познати како "Стар ред на амишката менонитска црка". Се појавиле во периодот од 1693-та до 1697-ма година, како следбеници на менонитскиот старешина Јакоб Аман, а по преселувањето во САД речиси и да нема нивните следбеници во Европа.
Важат за едни од најзатворените заедници на светот, а живеат според збир од посебни правила наречени "орднунг" . Амишите ја отфрлаат технологијата, а не користат ни модерна медицина .
И покрај тоа, имаат најголем животен век во САД, околу 85 години во просек
Голем дел од Амишите носат единствена генетска мутација "СЕРПИН1", која го забавува стареењето.
Амишката заедница има и неколку бизарни и воедно мрачни правила.
Дознајте повеќе од видеото на Точка ТВ: