Точка ТВ: Некогашно живописно село кое што го проголтало отровно езеро – и последниот траг живот наскоро ќе исчезне

Точка

03/11/2020

16:36

3.013

Големина на фонт

а а а

Некогаш живописното село во плодната долина, денеска е отровно езеро од кое што „ѕирка“ само кулата од некогашната црква.

Така изгледа Геамана - на северозападот од Романија.

Владини службеници во 1977-та година пристигнале во селото и ги известиле тамошните жители дека треба да се спакуваат и да се подготват за селење. За компензација им биле ветени околу 2.000 долари, а 300 семејства се преселиле ширум Романија.

На местото на селото требало да биде долина за отпад од блискиот рудник за бакар - еден од најголемите во Европа.

Откако селото било испразнето, се отворил голем простор кој што можел да прими тони токсичен отпад.

Во наредните години се создала „сомнителна течност“ со чудна боја која што го проголтала целото село.

На површината од езерото „ѕиркала“ само кулата од некогашната црква, а на некои места од селото има толку многу густа мувла што е морничава да се гледа.


Езерото на индустрискиот отпад денеска е длабоко 90 метри, а од година на година неговото ниво расте.

Но, очигледно дека не се отселиле сите жители од селото, затоа што околу 20-на луѓе сè уште живеат покрај езерото, а токму тие ја спасиле кулата од црквата.

Меѓутоа, бидејќи нивото на водата од езерото расте, кулата од црквата ќе исчезне под матната вода, а малкуте жители кои што живеат таму ќе мора да се отселат засекогаш.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk