Денес е популарен актер и еден од најпосакуваните мажи на актерската сцена, а својата кариера веќе со години ја гради и надвор од земјата.
Имено, Милош Биковиќ на својот Инстаграм профил објави фотографија од детството, со која ги воодушеви следбениците.
Тој како дете бил русокос, а многумина искоментирале дека како мал бил многу шармантен.
„Кога бев мал го сакав тој живот на жестоко момче...“, се пошегувал во описот на фотографијата.
Неговата објава собрала повеќе од 130.000 лајкови.