Во Бих нов рекорд со 1.912 коронаинфекции и 22 починати во еден ден

Нетпрес

31/10/2020

14:40

891

Големина на фонт

а а а

Во Босна и Херцеговина во саботата достигнати се нови рекордни бројки на новозаразените со новиот коронавирус во еден ден, откако се потврдени најмалку 1.912 вакви зарази во изминатите 24 часа, додека 22 заразени лица починале, соопштија ентитетските заводи за јавно здравје.

Во БиХ во петокот биле тестирани малку повеќе од 3.850 примероци, а притоа инфекцијата е потврдена кај 1.070 лица од Федерацијата БиХ и кај 842 луѓе од Република Српска.

Билниците во Федерацијата БиХ известиле за 15 починати лица кај кои претходно била потврдена заразата со вирусот SARS-CoV-2, додека во Република Српска починале седум лица.

Од март, кога во земјата се регистрирани првите сличаи на заразата со коронавирусот, доега е потврдени повеќе од 49.000 случаи, а починале 1.235 заразени лица.

Бања Лука во саботата била градот со најголем број новозаразени во 24 часа, откако таму е потврден 231 нов случај, додека во Саераево имало 217 зарази.

Од почетокот на седмицава БиХ секојдневно бележи најголеми бројки на заразените од почетокот на избувнувањето на епидемијата. Во моментов во земјата има 542 активни случаи на 100.000 жители.

Со одлуката на кризниот штаб на Министерството за здравство на Федерацијата БиХ, сите болници во овој ентитет добиле задача третина од своите капацитетот да ги издвојат за сместување на пациентите со дијагноза Covid-19, а инспекциите проверуваат во моментов како се почитува тоа решение.

Болниците и здравствените домови ширум земјата и натаму се соочени со голем притисок од пациенти, но и со недостиг од медицински кадар, па пензионираните лекари и медицински сестри се повикани да се нагажираат за да помогнат.



Спонзорирани линкови

Маркетинг