Камерата на турскиот гејмер го сними моментот кога Измир беше погоден од силниот земјотрес

Точка

31/10/2020

14:31

3.016

Големина на фонт

а а а

Силниот земјотрес кој вчера го погоди турскиот град Измир предизвика огромна штета. Еден млад гејмер играше видео игра во моментот кога неговата камера сними како се започна да се тресе.

Имено, на видеоснимката може да се види моментот кога земјотресот го погодува градот, а вклучената камера на младиот турски гејмер најдобро ја прикажува јачината на потресот кој сруши дваесетина згради.

Исто така, може да се забележи дека потресот траеше долго, а како што соопштија турските власти, првиот и најсилен потрес бил со магнитуда од 6,9 степени по Рихтеровата скала.

После првиот земјотрес, следуваа уште три помали земјотреси од 4,1, 4,2 и 4,8 степени по Рихтеровата скала. Еден дел од Измир беше погоден и од поплава откако земјотресот го подигна нивото на Егејското море и предизвика мини-цунами.

Според последните информации, во земјотресот во Измир загинаа најмалку 27 лица, а повредени се над 800.



Спонзорирани линкови

Маркетинг