Драматични сцени во рускиот град: Силна експлозија во болница, евакуирани над 150 пациенти заразени со коронавирус

Точка

31/10/2020

13:48

2.132

Големина на фонт

а а а

Во градската болница во Чељабинск дојде до силна експлозија во просторија во која се чувале боци со кислород. Евакуирани се над 150 лица, а засега нема информации за повредени.

Според првичните информации, причина за несреќата би можеле да бидат неправилности при монтирање на опремата.

Министерството за здравство на Русија соопшти дека сите 158 пациенти заразени со коронавирус, кои се лекувале во болницата во моментите кога дошло до експлозијата, биле пренесени во други медицински установи.

Пожарот се проширил на околу 50 квадратни метри, а огнот го зафатил приземјето и првиот кат.



Спонзорирани линкови

Маркетинг