Акција на француската полиција: Уапсен е трет осомничен за соучешништво во терористичкиот напад во Ница

Точка

31/10/2020

15:05

1.976

Големина на фонт

а а а

Француската полиција уапси и трет осомничен за соучешништво во терористичкиот напад во Ница во кој исламски терорист уби три лица, од кои на две жртви им ги отсече главите.

Заменик државниот обвинител за француските медиуми изјави дека вчера биле уапсени уште две лица кои се осомничени дека биле во контакт со убиецот непосредно пред да го изврши терористичкиот напад.

Да потсетиме, терористичкиот напад во Ница го изврши 20-годишниот Брахим Осо кој на европско тло пристигнал преку мигрантската рута дваесетина дена пред нападот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг