Ваквите фотографии никогаш не престануваат повторно и повторно да нè шокираат.
Многумина се сеќаваат на популарната фотографија од словенечкиот велосипедист Јанез Брајковиќ кој што се запрашал „зошто нозете му изгледаат така“, а набрзо стигнал одговор и од доктор.
Велосипедистот Хоакин Рохас ги покажал своите нозе со јасно изразени и нагласени вени и артерии по трката во Шпанија.
Тој покажал како се подготвил за осмата етапа Вуелте, која што поради пандемијата коронавирус се одржува во среда.
Било планирано трката да се одржи кон крајот на месец август и почетокот на месец септември, но сè било одложено поради ситуацијата во Шпанија.
Возачот од Марсеј, не се срамел да ги покаже „набраните“ вени на социјалните мрежи, и по четири часа возење велосипед.
Причината за тоа е тоа што подготвените велосипедисти ги губат малкуте масти кои што ги имаат во своето тело, а губењето на тежината резултира со вакви фотографии непосредно пред завршувањето на трката.