По Тамара, и Џамбазов ја „истетовира“ својата животна грешка: „Секој со своите гревови...“

Точка

31/10/2020

12:34

11.679

Големина на фонт

а а а

По вчерашната тетоважа која што ја направи македонската пејачка Тамара Тодевска и со која што предизвика големо внимание во јавноста, македонскиот шоумен Игор Џамбазов одлучи да ја „истетовира“ својата грешка.

Водителот и шоумен, Игор Џамбазов, одлучи во свој стил да ја поддржи Тамара, па објави фотографија во свој стил на социјалната мрежа Инстаграм и насмеа многумина.

Имено, Џамбазов на фотографијата која што ја сподели позира онака како што тој најдобро умее, а во прв план е неговиот стомак на кој што има напишано „шток“.

Под фотографијата стои опис: „Секој со своите гревови“.

Тој доби многубројни лајкови и коментари:

„Цар, те обожувам“, „Брат, те сакам“, „Легенда“, „Шток ми бејби“...



Спонзорирани линкови

Маркетинг