НБА сезоната ќе се игра по скратен систем

Макфакс

31/10/2020

12:23

1.362

Големина на фонт

а а а

НБА лигата се уште не знае кога ќе почне новата сезона. Поради пандемијата со коронавирусот, претходната сезона заврши пред еден месец во „меурот“, во Орландо.

Американските медиуми тврдат дека сезоната 2020/2021 ќе се одвива по скратен формат, односно дека наместо предвидените 82, секој тим ќе одигра по 50 натпревари.

НБА планираше новата сезона да започне на 22. декември и секој тим да одигра по 72 натпревари во регуларниот дел. Меѓутоа играчите не се согласуваат со тој предлог, а во моментов најголемата ѕвезда во лигата, Леброн Џејмс, најави дека ќе ги пропушти првите 30 дена.

Најверојатно новата сезона ќе започне на „Денот на Мартин Лутер Кинг“, на 18-ти јануари 2021, а целата сезона ќе заврши на 23-ти јули. Планот на НБА е ѕвездите да играат на олимписките игри во Токио.



Спонзорирани линкови

Маркетинг