Караџовски вели на нива или на Шара не треба маска

Нетпрес

31/10/2020

11:47

2.075

Големина на фонт

а а а

Во синоќешното интервју за Канал 5 епидемиологот, д-р Жарко Караџовски побара да не се вулгаризира мерката за обавезно носење маска на отворено и дака тоа не важи секаде.

„Човек што ора во трактор, во комбајн и се наоѓа на нива која што има 150-200-300 метра околу него и сам ора и става маска. Па немојте да ја вулгаризираме работата. Не може тој во комбајн или трактор да носи маска“, објасни Караџовски.


Според него има и други исклучоци:

„Пример, јас се наоѓам на Шар Планина…. Таму морам да носам маска? Па не мораш. Кој ќе те контролира таму дали носиш или не?! Значи немојте вулгарно да ги сфаќате работите“, рече Караџовски.

Задолжителното носење на маска на отворено, според Караџовски е нужно бидејќи на отворено при кивање, кашлање или гласно зборување се создава респираторен облак од капки што може да ги вдиши некои што тогаш тука поминува.



Спонзорирани линкови

Маркетинг