Караџовски: „Бројките се страшни. Да не се занесуваме, Ковид е опасна зараза“

Точка

30/10/2020

21:03

4.924

Големина на фонт

а а а

Жарко Караџовски од Комисијата за заразни болести гостуваше во емисијата „Само интервју“ на Канал пет и ја коментираше актуелната состојба со коронавирусот во Македонија.

Караџовски уште еднаш повтори дека најважно е сега носењето на заштитни маски, држење дистанца, миење раце и избегнување групирања. Доколку се почитуваат овие мерки, може да очекуваме намалување на бројките.

Тој исто така посочи колку Ковид-19 е опасно заболување:

„Да имаше толку многу хоспитализирани и починати колку што имаме периодов, ниту една држава немаше да може да се справи со сместувачките капацитети за пациентите. Ова е опасно заразување, да не се занесуваме. Сите сме во опасност, постарите генерации се поизложени на вирусот, но може да почине и човек без хронично заболување“, изјави Караџовски во емисијата.

„Според Комисијата за заразни болести, почитувањето на мерките може да доведе до намалување на бројот на заразени. Ние никогаш не сме кажале дека пандемијата е завршена, а сега се менуваат работите и бројките се страшни“, потенцираше Караџовски.




Спонзорирани линкови

Маркетинг