Италијанска кајгана – идеален избор за вкусна вечера

Точка

30/10/2020

18:53

4.705

Големина на фонт

а а а

Кајганата на медитерански начин ќе ги освои сите ваши сетила.

Потребни состојки: 

- 1 лажица маслиново масло

- пулпа од домати (количина по вкус)

- прстофат кафеав шеќер

- 4 јајца

- јогурт

- 2 чешниња сечкан лук

- зачини по желба

- малку магдонос

- половина главица ситно сечкан кромид

- исецкана црвена пиперка

- лути пиперчиња

Начин на припрема:

Загрејте една лажица маслиново масло во тавче за пржење. Измешајте го кромидот, пиперката и лутите пиперчиња и динстајте додека не омекне зеленчукот. Потоа додајте ја пулпата од домати и кафеавиот шеќер и постојано мешајте. Динстајте додека не испари течноста.

Користејќи дрвена лажица, направете четири дупки во приготвената смеса и во нив скршете ги јајцата. Поклопете го тавчето и на тивок оган пржете ги јајцата додека не бидат приготвени по желба.

Измешајте го јогуртот со лукот и зачините. Ставете го магдоносот одозгора и послужете ја смесата од тавчето заедно со прилог од јогурт и лук, декорирано со лути пиперчиња.



Спонзорирани линкови

Маркетинг